×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Улицата од Жмара до Мај маркет ќе стане еднонасочна

    08.07.2021 10:49 | KumanovoNews

    Крак од улицата Октомвриска револуција на потегот од Жмара до Мај маркет ќе стане еднонасочен. Општина Куманово преку Секторот за комунални дејности изработи проект кој го прифатила Комисијата за урбанизам, и утре ќе се најде на седница на Совет.

    Улицата од Жмара до Мај маркет ќе стане еднонасочна

    Доколку предлогот добие поддршка од советниците наскоро ќе започне новиот режим на сообраќај. Тоа значи дека дозволено ќе биде движење во еден правец од раскрсницата кај Жмара кон поранешната продавница Мај маркет и на булеварот.

    Од Секторот за урбанизам велат дека одлуката за измена на сообраќајот на кракот на „Октомвриска револуција“ уследила по доставена петиција од  граѓаните.

    „Граѓаните бараа од нас улицата да стане еднонасочна. Направен е проект и дадена е согласност од СВР Куманово, а предлогот е прифатен од Комисијата за урбанизам. Доколку утре Советот даде поддршка измената ќе се имплементира“, велат од Секторот за комунални дејности.

    Граѓаните кои живеат на овој потег велат дека предлогот-петицијата за измена на сообраќајот била поднесена уште минатат година, кога на улицата имаше непрописно паркирани возила на едната лента и сообраќајот беше секојдневно блокиран. Сега откако автомобилите се отстранети и пајак службата постојано интервенира слободни се двете коловозни ленти и нема проблеми во движењето.

    „Одлуката за еднонасочен сообраќај е непотребна. Доколку надлежните извршиле увид на лице место ќе го виделе тоа. Вака, со новото сообраќајно решение ќе имаме нов проблем, бидејќи возилата од оваа страна што сакаат да се исклучат кон спортската сала не можат тоа да го сторат директно од раскрсницата затоа што е забрането полукружно свртување, туку ќе мора да одат на кружниот тек пред Жмара, да чекаат на два семафори, што дополнително ќе го оптовари сообраќајот и во онака ова тесно грло“, вели М.Н. жител на населбата.

    Други граѓани сметаат дека ова решение е добро, но и дека станува забор за подготовка за воведување на зонско паркирање во овој дел на градот, бидејќи советниците и од власта и опозицијата на последните неколку седници бараа тоа да се направи што поскоро, за да се воведе ред во паркирањето.

    Предлог-одлука за измена на режим на сообраќај има и за крак од улицата „Иво Лола Рибар“ (Нагорички сокак) на дел од улица „Димитар Влахов“ и дел од улица „Ленинова“.

    С.НИКОЛИЌ