“Ултра„ освои 24 први места на два натпревари
26.05.2014 07:41
| KumanovoNews
Балетското студио „Ултра„ викендов на државно првенство и на меѓународен натпревар во Скопје освои вкупно 24 први и 1 трето место.

- На државниот натпревар во 18 категории освоивме 18 први места. На меѓународниот натпревар кој исто така беше во Скопје, зедовме 6 први и едно трето место. Учествуваа 30 клубови од различни држави и имаше многу силна конкуренција. Многу сум среќна што успеавме да освоиме толку многу први места - вели Александра Димитриевска, директор и кореограф на “Ултра“.
Во текот на летото “Ултра“ ќе се подготвува за натпревари во земјава и странство, како и за учество на Европско и Светско првенство.