Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Членовите на Унијата на млади сила на ВМРО-ДПМНЕ ги обвинија локалните служби дека не го исчистиле снегот по градските улици, поради што Куманово денеска повеќе наликувало на зимски планински ски центар, отколку на урбано место за живеење.
Прес-конференцијата беше одржана на отворено, на нерасчистената улицата „Тодор Велков„, пред зградата на Центарот за социјално.
Според наши сознанија градоначалникот е на службен пат надвор од државата, па поради тоа очигледно е дека некои од службите во локалната самоуправа денеска имаат слободен ден. Поради тоа Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ се нуди доколку ни го соопштите терминот на пристигање , да го пречекаме градоначалникот со санки за влезот во градот, затоа што не гледаме друг начин како ќе дојде до работното место- изјави Срѓан Ивановски, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата сметаат дека Општината секоја година затајува со обврската за расчистување на снегот, па на граѓаните единствено што им останува да чекаат да дојде пролет, кога снегот ќе се стопи сам.