×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Унијата на медицински сестри го осудува нападот на нивната колешка во Куманово

    30.09.2022 11:40 | Сузана Николиќ

    Унијата на здруженија на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „ЗА НАС“ го осудува вчерашниот напад врз медицинската сестра на Инфективното одделение во Општата болница во Куманово.

    Унијата на медицински сестри го осудува нападот на нивната колешка во Куманово

    Од таму велат дека ова е само уште еден случај во низата на немили настани кои се случуваат години наназад, а за кои тие постојано апелираат, бидејќи покрај сите проблеми со кои сестринството се соочува во својата професија, условите за безбедност мора да бидат на највисоко ниво.

    „Не можеме да кажеме дека вакви несакани случувања нема да се повторат и во иднина. Затоа го потенцираме моментот дека треба да се пронајдат решенија, а не само јавно истакнување на проблемот.

    Унијата смета дека е потребно да се води евиденција и да постои тек на постапка за ваквиот тип на немили настани. Да се задолжи Институтот за јавно здравје да понуди решение, кој патем имаше трудови за синдромот на согорување, стресот и безбедноста на работното место. Да се овозможат рехабилитации, продолжени годишни одмори и платени специјалистички прегледи.

    Реакциите по основ на овие случувања не се доволни. Безбедноста на медицинските сестри на работното место е од круцијално значење за целиот здравствен систем”, истакнуваат од Унијата на ЗМСТАС.