Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово организираше трибина во Занаетчискиот дом во Куманово на тема „Кажи НЕ на насилството над жената и семејното насилство“. Трибината се одржа по повод меѓународна кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“.
„Се потенцираше поодлучна борба против насилство врз жените и родово базирано насилство. Акцент на трибината се стави за подигнување на јавната свест преку едукација, јавни и гласни кампањи кои ќе допрат и до насилниците и до жртвите, поголема ангажираност на институциите за згрижување на жртвите и санкционирање на насилниците. Можеме да земеме пример од развиените европски земји, посебно се нагласи шведскиот модел, како пример за социјално ангажирано општество“, изјави Ивана Лазаревска, претседател на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово.
Говорници на трибината беа Жаклина Пешевска, претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Ангелова, генерален секретар и професор д-р Лазар Јовевски од Правниот факултет.
Кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“ се одбележува секоја година, на меѓународно ниво меѓу 25 ноември Ден за борба против насилство врз жените и 10 декември - Ден на човековите права.