Уништена урбаната опрема на Градскиот кеј

20.07.2021 17:14 | Сузана Николиќ

 Кој знае по кој пат, ноќеска непознати сторители ја уништиле урбаната опрема на Градскиот кеј. Откорнати се сите кантички за смет, а скршени се и неколку клупи. Директорката на ЈП „Чистота и зеленило“, Цветанка Ивановска, вели дека ова е редова пракса на однесување на несовесни граѓани.

Уништена урбаната опрема на Градскиот кеј

„Случајот е пријавен во полиција, која излезе на лице место и се надевам дека ќе ги најдат сторителите. Ова не е првпат да се случува вандализам на урбаната опрема. Минатиот месец сите клупи беа фрлени во река. Апелирам до граѓаните да го чуваат јавното добро, а оние кои што ќе забележат девијантното однесување да пријават на надлежните, бидејќи вака не можеме да сочуваме ништо“, вели Ивановска.

И градоначалникот Максим Димитриевки, го осуди вандалскиот чин на уништување на урбаната опрема на Градскиот кеј и 
апелираше до граѓаните да покажат општествена одговорност. 

2008 - 2021 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk