×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Усмртен жител на Пчиња на излезот од Скопје, со ауди го удрил 20-годишен возач и побегнал

    19.08.2023 16:09 | Сузана Николиќ

    Жител на кумановското село Пчиња, синоќа загинал во сообраќајна несреќа која се случила на автопатот Скопје - Куманово, на излезот од градот.

    Усмртен жител на Пчиња на излезот од Скопје, со ауди го удрил 20-годишен возач и побегнал

    „Во 20.43 часот Џ.И.(20) од Скопје, со живеалиште во Швајцарија, управувајќи патничко возило „ауди“ со швајцарска национална ознака,  удрил во пешакот Г.С. (54) од с.Пчиња, кумановско, по што го оставил возилото и го напуштил местото. 

    Од здобиените повреди пешакот Г.С. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош“, соопшти МВР. 

    Околу 21.40 часот, Џ.И. сам се јавил во Општа болница Куманово каде му била укажана лекарска помош и му биле констатирани телесни повреди. 

    Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје.