Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Над 60 единици крв се соберени во вчерашната редовна крводарителска акција, која се спроведе во СВР Куманово.
„Се работи за трета крводарителска акција за 2022 година за полициските службеници согласно годишниот план за вакви активности. И овој пат припадниците на полицијата покажаа хуманост и спремност да помогнат.Акцијата е прогласена за успешна и од организаторите, од Одделот за трансфузиологија. Продолжуваме да докажуваме дека сме во служба на општеството во секој поглед“, соопштуваат од СВР Куманово.