×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Успешна крводарителската акција на СДСМ

    17.03.2015 14:32 | KumanovoNews

    Дваесет членови и симптизери на партијата, денеска даруваа крв во првите 40 минути од почетокот на крводарителската акција на СДСМ, во партиските простории во комитет.

    Успешна крводарителската акција на СДСМ

    Поради големиот одзив на крводарители, се очекува до крајот на акцијата да бидат собрани 120 единици крв. СДСМ традиционално по два пати годишно организира акции за дарување на крв.

    „Ова е 27-ма крводарителска акција и се надеваме дека бројката на соберени крвни единици ќе биде како и минатите години. Бројка со која можеме да се гордееме, знаеме дека давањето крв некогаш може да спаси човечки живот-изјави претседателот на општинската организација Мартин Костовски.

    “Се надеваме дека ваквата акција денеска ќе биде успешна како и многуте досега одржани, со што ќе помогнеме на граѓаните на кои им е потребна ваква помош, да им излеземе во пресрет“ - изјави Максим Димитриевски,  член на извршниот оброр на  СДСМ.

    Трансфузиологот Лилјана Славковска вели дека оваа крводарителска акција ќе биде една од најуспешните досега.

     “Крводарители чекаат во ред. Очекуваме дека ќе го срушиме рекордот, и ќе имаме 120 единици крв“ - рече Славковска.

    Граѓаните кои денеска даруваа крв, велат дека целта им е да ја покажат својата хуманост и да помогнат на луѓето на кои им е потребно.

     “Ова ми е 30-ти пат како давам крв и понатаму ќе продолжам да давам крв. Ги молам младите повеќе да даруваат крв, затоа што е многу важно. Без крв нема операција. Јас сум правел операции и знам што значи на човека да му се даде крв“- кажа Томислав Мирчевски, крводарител.

    На 27-та по ред крводарителска акција организирана од СДСМ, се вклучија крводарители од сите возрасни групи.