×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Успешни и амбициозни жени раководат со јавни институции и претпријатија во Куманово

    08.03.2021 10:34 | KumanovoNews

    Над 40 кумановки се наоѓаат на листата на успешни директорки, раководителки, советнички и претседателки, кои водат и претставуваат значајни институции и претпријатија од кои зависи развојот и стабилноста на градот. Од година во година нивниот број се зголемува, па се почесто доаѓаат на функции за кои отсекогаш се сметало дека не можат да ги извршуваат жени.

    Успешни и амбициозни жени раководат со јавни институции и претпријатија во Куманово

    Минатата година, за првпат е назначена директорка на едно од четирите јавни претпријатија, кои дотогаш беа загарантирани за мажите и за нив се водеше жестока партиска битка. Цветанка Ивановска инженерка по хортикултура, ја доби довербата да го раководи ЈП „Чистота и зеленило“, каде 90 отсто од вработените се мажи и се соочува со големи финансиски проблеми.

    „Предизвикот беше голем да се биде не чело на едно толку големо претпријатие. Ја таму работам долги години и вработените добро ме познаваат. Немаше отпор од нивна страна од моето назначување, можеби повеќе ги плашеше мојата амбиција, бидејќи тие знаеа дека јас од нив очекувам максимално да се вложат во работата и заедно да одиме напред. На почетокот и јас имав страв како ќе успеам да се носам со предизвикот на менаџер, но многу брзо се организирав и заедно со вработените се справуваме со финсиските проблеми и одиме кон подобро“, рече Ивановска. 

    Веќе четврта година највисокото локално законодавно тело - Советот на Општина Куманово го води жена, која е прва меѓу еднаквите 14 советнички од сите партии од вкупно 33 членови колку што брои Советот.

     Претседателката Атина Мургашанска, дипломиран правник, со своето знаење и шарм се наметна како авторитет при водењето на седниците.

    „Ниту е толку тешко ниту е толку недостижно, како што на прв поглед изгледа, да се води Советот. Не е како што понекогаш во општеството сакаат да ни наметнат дека одредени професии и позиции се резервирани само за мажите, бидејќи ние жените не можеме да се носиме со такви предизвици. Мене уште не почетокот тоа ми беше јасно, и со таа цел влегов во целиот процес да се кандидирам и да бидат носителка на листа на мојата политичка партија. Тоа е голем предизвик, а воедно и големо задоволство. Особено што ние жените сме навикнати да бидеме на сите страни растргнати, прво приватно, а потоа и професионално и во политиката. Нашата природна емотивност, склоноста кон емпатија и грижа за семејството и најбиските, не прави поодговорни и поспремни да се справиме со сите проблеми“, кажа Мургашанска.

    По повод Меѓународниот ден на жената 8 - Март, Форумот на жени на СДСМ во Куманово организираше  трибина:„Кога таа е раководител“, на која успешните жените ги споделија своите професионални достигнувања. Заедничко за сите беше дека многу труд и работа, упорност, образование и финансиска независност, се предуслови кои создаваат моќни и сигурни жени, кои можат да се носат со секој нов предизвик во животот.

    „Посебно ќе нагласам дека изборот на овие жени не е случаен, туку исклучиво плод на нивниот квалитет и долгогодишна успешна и професионална работа. Нивните резултати покажуваат дека довербата не е попусто дадена, туку напротив признаена и потврдена од граѓаните и вработените во институциите коишто ги водат. Во оваа прилика сакам да им оддадам признание за нивната посветеност и храброст во успешно справување со предизвиците со кои се соочуваат во нивното работење“, рече претседателката на Форумот Соња Тодоровска, советничка во Советот на Општина Куманово.  

    Во Општина Куманово најодговорните позиции во најзначајните сектори за финсии, комунални работи и урбанизам ги водат жени: Ирена Илиевска, Лидија Ланг- Спасовска и Емилија Сларидис- Јаневска. Раководителки се и на чело на одделенијата: за информирање и односи со јавност Бисера Арсовска, во даночното Андријана Колевска, за образование Дивна Тодоровска, за евроинтеграции Марија Бабан, за локален економски развој Донка Петровска и во одделението за информатика Андријана Вукановска.

    Од вкупно четири директорски фотељи во средните училишта во три седат жени: Марија Тодоровска, Весна Трајковска и Мила Жибак. Градинката „Ангел Шајче“ со години наназад ја раководи Марина Алексовска, додека повеќето од основните училишта ги водат дами: Лидија Костиќ, Надица Петровска, Елизабета Костиќ, Лидија Пешевска, Тања Тодоровска, Светлана Трајковска, Јасмина Спасовска. Со Градската библиотека директорува Кристина Алексовска, а со Ученички дом Љубица Павловска.

    Покрај локалните, жени управуваат и одговорни државни институции. Пратеничка од Куманово во Собранието  е Лидија Тасевска, во Основен суд претседателка е Снежана Манев, во Основното јавно обвинителство Теута Бедриу - Рамадани, Центарот за социјални работи Александра Арсовска, во Агенцијата за вработување Марија Димитриевска, во Општата болница Куманово Снежана Захариева, Јасмина Георгиевска е на чело на УЈП, а во Катастарот е Мирјана Ристеска.

    Зорица Вукановиќ е прва жена командир во државата избрана од Советот на Општината, која раководи со Полициска станица со општа надлежност во СВР Куманово.

    Кога зборуваме за успешните жени во Куманово, тука се и менаџерките и директорки кои водат големи приватни компании, и ги пласираат своите производи на домашниот и светски пазар, Снежана Станојковиќ од „Бучен Козјак„  Силвана Бојковска од „Мега“ и  Стојанка Стојковиќ од „Екстра Меин“.

       (С.НИКОЛИЌ)