×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Успешно се одвива екстерното тестирање во Куманово

    16.02.2015 12:51 | KumanovoNews

    Успешно се реализира екстерното тестирање во кумановските средни училишта.

    Успешно се одвива екстерното тестирање во Куманово

    Од училиштата тврдат, дека тестирањето за учениците од завршните години поминува без проблеми.

    Во средното стручно училиште „Перо Наков„ денеска и утре полагаат 310 ученици.

    “Учениците полагаат согласно распоредот, утврден од надлежните институции. Денеска полагаат учениците и на македонски и албански наставен јазик„- кажа Лидија Тасевска, директорка на “Перо Наков“.

    Екстерна проверка на знаењата има и во средното стручно училиште „Киро Бурназ„, каде полагаат 66 ученици на македонски и на албански наставен јазик. Во „Наце Буѓони„ полагаат 152 ученици на македонски јазик и 80 ученици кои следат настава на албански јазик. Во Гимназијата „Гоце Делчев„ наредните четири дена ќе полагаат 45 ученици, бидејќи во периодот од 26 до 30 јануари екстерно полагаа најголем број од учениците. И во Гимназијата „Сами Фрашери„,без проблеми се спроведува екстерното тестирање. Денеска кај нив се тестираат 154, а утре 155 средношколци.

    Резултатите од екстерното тестирање ќе бидат објавени на 23 месецов.