×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Успешно заврши обукaта за фризери во студиото „Нате“

    25.03.2021 09:40 | KumanovoNews

    Успешно заврши првата обука за фризери во студиото „Нате“ во Куманово, која се спроведуваше преку програмата „За побарувани занимања“, поддржана преку Агенцијата за вработување.

    Успешно заврши обукaта за фризери во студиото „Нате“

    Обуката траеше три 3 месеци, а ја завршија седум лица. Фризерското студио и академија „Нате“ е овластениот провајдер којшто има верификувана програма преку Центарот за образование на возрасни и Министерството за образование и наука, за спроведување на вакви обуки.

    „Обуката се спроведуваше во периодот од 10 декември до 9 март. Во првите два месеци беше теоретскиот дел од обуката, а последниот месец, беше практичниот дел за занимањето фризер. Ние како Центар за вработување цело време го мониториравме процесот, присуствувавме и на самото полагање и при доделување на сертификати. Испочитувани се сите обврски од договорот на провајдерите и невработените лица. Ние како Центар сме задоволни од начинот и успешното спроведување на обуката“, изјави Марија Димитриевска, директорката на Центар за вработување во Куманово.

    Обуката ја завршија сите седум пријавени, а вчера им беа доделени сертификатите. Сопственичката Наташа Додевска,  вели дека е прездоволна како поминала обуката и вели одлично се снашла во новата улога, иако ова е прво искуство за неа.

    „Имав среќа да се пријават прекрасни луѓе. Сите имавме одлична соработка и го дадовме својот максимум за да постигнеме добри резултати. Јас се потрудив максимално да им го пренесам моето знање, а тие дадоа се од себе да научат колку што можат повеќе. Сега веќе се мои колеги, на кои им посакувам многу успех во градењето на кариерата, а секогаш ќе бидат тука да им помогнам доколку имаат потреба од моја помош“, изјави Додевска.  

    Таа вели дека оваа диплома ќе им отвори многу врати на младите фризери, а ќе можат да започнат и сопствено фризрско студио.

    Обуката се спроведе преку оперативниот план за 2020 година, дел од  ИПА проектот. И оваа година ќе има иста обука за побарувани занимања, на која што можат да се пријават невработените лица.

    Мерките од оперативниот план имаат за цел да креираат и создават нови работни емста или да го подигнат степенот на конкуренстноста на невработените лица на пазарот на труд.  За време на обуката невработените лица добиваа бруто паричен надомест од 9000 денари.

    Во Куманово покрај обуката за фризер, имаше и обука за неговател за стари лица и за обука на сметководител.

    (С.Н.)