×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Уставниот суд ќе одлучува за Одлука на Општина Куманово со која се овозможува градење на станбени згради надвор од централното градско подрачје

    07.03.2023 10:45 | Сузана Николиќ

    Уставниот суд на денешната седница ќе одлучува по одлуката на Општина Куманово со којашто се овозможува да се градат станбени згради надвор од централното градско подрачје, односно: „Одлука за спроведување и планирање на површини на градење со намена А2 на парцели лоцирани вон централното градско подрачје во граница на градежен реон на Куманово, број 09-5643/4” од 12 јули 2022 година.  

    Уставниот суд ќе одлучува за Одлука на Општина Куманово со која се овозможува градење на станбени згради надвор од централното градско подрачје

    За овој предмет Уставниот суд поведе постапка на 20 декември 2022 година со што изрази сомнеж во уставноста и законитоста на Одлуката донесена од Советот на општина Куманово. 

    „Уставниот суд оцени дека со Одлуката директно се влијае на веќе започнатите постапки за добивање на одобрение за градење и се наметнува обврска на граѓаните кои имаат започнати постапки, а не добиле потврда за заверка на проектната документација, повторно од почеток да ја почнат постапката. Уставниот суд смета дека ова води кон правна несигурност, а граѓаните се соочуваат со тешко отстранливи последици. На истата седница Уставниот суд одлучи да го запре извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземаат врз основа на оспорената Одлука, односно воведена е т.н. времена мерка“, соопштуваат од Судот. 

    Станува збор за одлука која Советот ја донесе во јули годинава, а со која се намалува процентот на искористеност на земјиштето за изградба на висококатници во Куманово од 50 на 30 отсто, која требаше да се применува ретроактивно и на започнати постапки. 

    Иницијативата за преиспитување на одлуката пред Уставен суд ја поднесоа две кумановски градежни фирми, и според нив спорни се членовите 1, 2, 3 и членот 6 став 2 од Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за спроведување и планирање на површини на градење со намена А2 на парцели лоцирани вон централното градско подрачје во граница на градежен реон на Куманово, број 09-5643/4 од 12 јули 2022 година. 

    „Поднесителите наведуваат дека оспорените одредби се споротивни на членот 52 став 4 од Уставот кој предвидува дека законите и другите прописи не смеат да имаат повратно дејство, освен кога е поповолно во граѓаните, а тоа е исклучок. Имено, се наведува дека се прави примена на одредба врз веќе донесени урбанистички планови, која има повратно дејство и дополнително со нејзината содржина се ограничуваат одредени права на граѓаните. Конретно со додавање на нов член 2-а Советот на Општина Куманово без да има законски основ врши директно влијание врз веќе започнати постапки за добивање на одобрение за градење, кои се почнати на основа на важечки урбанистички планови и со тоа се менува нивниот тек кој натаму ќе резултира со нивно одбивање“, се наведува во иницијативата до Уставниот суд.