×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Времено се запира впишувањето на националноста во матичните книги на родени, венчани и умрени

    20.12.2023 15:57 | Сузана Николиќ

    Уставниот суд денеска на седница одлучи да поведе постапка за делови од три члена од Законот за матична евиденција во кои е содржан зборот  „националност” во изводите за родени, венчани и умрени.

    Времено се запира впишувањето на националноста во матичните книги на родени, венчани и умрени Фото: portalb.mk

    Судот изрази сомнеж во уставноста на членот 4 став 1 точка 2 во делот националност, членот 11 став 1 точка 1 во делот националност и членот 13 став 1 точка еден во делот националност.  

    „Од денеска, се додека Судот конечно не се изјасни конечно, не смее од граѓаните да се бараат податоци за националност при впишување во матичните книги на родени, венчани и умрени. Уставниот суд  смета дека овие одредби се во спротивност со неколку членови од Уставот, како што е владеењето на правото, членот 18 кој ја гарантира тајноста на личните податоци“, велат од Уставниот суд. 

    Во следниот период Уставниот суд ќе оценува дали е уставно покрај наведените лични податоци како што се име, презиме, податоци за раѓање и живеалиште, граѓаните да ја наведуваат и својата националност во матичните книги на родените, на венчаните и умрените. 

    Според Судот припадноста кон одредена нација е приватно и внатрешно чувство на секој поединец и е негово право да одлучи дали ќе биде припадник на одредена нација, дали ќе се изјасни за сопствената националност, но и да се повика на правото да не се изјаснува по ова. 

    Иницијативата е поденсена на 3 јули 2023 година од страна на политичка партија „Левица”.