×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Уште 1.100 стечајци ќе бидат материјално обезбедени, кажа Димитријевска

    17.07.2021 09:22 | Сузана Николиќ

    Со новиот Предлог-закон се зголемува опфатот на дополнителни 1.100 стечајци, кои ќе добијат можност да остварат месечен надоместок во износ од 9.242 денари, односно 34 проценти од просечната месечна нето плата исплатена по работник претходната година. 

    Уште 1.100 стечајци ќе бидат материјално обезбедени, кажа Димитријевска

    Со последната измена речиси 13 илјади лица ќе добиваат материјален надоместок до вработување или до пензионирање, кажа директорката на Центарот за вработувење Марија Димитријевска од СДСМ на прес-конференција.

    „Овој предлог закон е подготвен во директната комуникација со граѓаните, како и од анализата на досега поднесените барања според  кои е дојдено до сознание дека на некои наши сограѓани им недостигале само неколку месеци за да го исполнат условот од 15 години работен однос во претпријатието со доминантна сопственост на државата, поради што истите луѓе не можеле да го остварат ова свое право досега“, додаде  Димитријевска.

    Таа вели дека Владата останува целосно насочено кон зачувување на работните места, и кон поддршка за социјално ранливите како што се стечајците, пензионерите и
    невработените.