Уште 43 новозаболени од коронавирус во Куманово

13.08.2021 15:55 | Сузана Николиќ

Во последните 24 часа направени се 6.770 тестирање, а регистрирани се 672 нови случаи на ковид-19. По градови во: Скопје – 230, Тетово – 115, Гостивар – 101, Куманово – 43, Кичево – 37, Струмица – 36, Охрид – 20, Струга – 13, Битола и Дебар – по 9, Штип – 8, Кавадарци и Кочани – по 7, Велес и Ресен – по 6, Прилеп – 5, Македонски Брод – 4, Радовиш, Виница и Валандово – по 3, Берово и Пехчево – по 2, Свети Николе, Крива Паланка и Делчево – по 1.

Уште 43 новозаболени од коронавирус во Куманово

Регистрирани сe 35 оздравени пациенти од: Скопје – 12, Гостивар – 9, Битола и Кичево – по 3, Прилеп и Струмица – по 2,Куманово, Штип ,Кочани и Свети Николе – по 1.

Пријавени се 5 починати лица: по 2 починати лица од Тетово (48г и 66) и Гостивар (59 и 85),  по едно починато лице од Виница (62).

Сите починати лица се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.046.042 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 160.571 бројката на оздравени пациенти е 150.670, на починати е 5.532, а бројот на активни случаи изнесува 4.369.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 70316, Активни 1468
Куманово 9190, Активни 263
Прилеп 8370, Активни 37
Тетово 8356, Активни 976
Битола 6421, Активни 96
Велес 5512, Активни 35
Гостивар 5785, Активни 558.

2008 - 2021 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk