×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Уште 57.000 евра за бесплатно пливање на учениците, за една година над 200.000 евра уплатени на „Куманово паркинг“

    04.11.2024 12:04 | Оливера Пешевска

    ЈП „Куманово паркинг“ ќе добие дополнителни 3,5 милиони денари, односно 57 илјади евра за продолжување на мерката за субвенционирање на часовите по пливање на Затворениот базен во Куманово. 

    Уште 57.000 евра за бесплатно пливање на учениците, за една година над 200.000 евра уплатени на „Куманово паркинг“

    Сумата се однесува за последните три месеци, откако претходно биле уплатени 10 милиони денари или 162.600 евра, кои се потрошени во првите девет месеци од годината, вклучувајќи го и времето на летен распуст.

    Раководителот на секторот за образование- Александар Јовановиќ, кажа дека со почетокот на учебната 2024/2025 година за бесплатно пливање се пријавиле 1.100 ученика од 19 училишта, вклучувајќи го и Регионалиот ученички центар „Киро Бурназ“. Споредбено со бројките од минатата и ова учебна година се многу блиски, до јуни имало 1.077 пријавени ученици. Постеноста на овие часови варира зависно од периодот од годината.

    „Бројот на пријавени по месеци и по училишта ги даваме на полугодие. Во ударните месеци април, мај имаше и по 3.000 илјади ученици. Во зимските месеци, во преодниот период кога владеат грипови бројот на ученици се намалува. Со ова бројка од 1.100 пријавени ученици јас сум задоволен“, кажа Јовановиќ.

    Предлагач на мерката е општинскиот Секторот за образование, парите се исплаќаат преку Општинскиот сојуз на училишен спорт, а краен корисник е ЈП „Куманово паркинг“. Кога советниците ќе постават прашање или дилема во врска со оправданоста, спроведувањето и начинот на искористување на ова мерка често се случува да се префрла топката од еден на друг субјект, кои речиси никогаш не се истовремено присутни на седниците.

    „На ЈП „Куманово паркинг“ му се додаваат 3,5 милиони денари, вкупната сума за 2024 година изнесува повеќе од 200 илјади евра. Ако се земе бројката на пријавени, сумата е нешто повеќе од 180 евра по ученик. Но, статистиката, на лице место, покажува дека ни половина од бројот на пријавени ученици не ја користат ова мерка. Според ова, имаме препоставена сума, поголема од 400 евра годишно по ученик, од субвенциите кои се доделени, што е извонредно висок износ“, констатираше советникот Миле Андоновски од СДСМ.

     Андоновски прашува дали постои мерка и стратегија за рационално користење на буџетските средства- родителите кои дале согласност и ги пријавиле децата за овие часови, а не ги посетуваат термините ќе мора да преземат одговорност, затоа што на тој начин се трошат народни пари.

    „Ја поддржуваме мерката, но таа мора да биде мерлива и мора да постои одговорност за трошење на буџетски пари. Ако се нафатите на некоја обврска, мора да ја исполните. Вие мора да имате увид кои се тие ученици, кои се причините за таквиот нивен однос и зошто општината троши пари за нешто што не функционира за најмалку 50 посто од предвидениот обем“, го образложи својот став Андоновски.

    На сите училишта им се дадени по два термини неделно, еден претпладне и еден попладне за да можат сите ученици да се вклучат во ова мерка, без разлика дали наставата се одвива претпладне или попладне. Од ова година се вклучени и децата од одделенска настава, за што се обезбедени помагала и реквизити. Во меѓувреме, потпишан е меморандум со Специјалната олимпијада на Македонија, па со малку напор се очекува веќе од наредниот месец ќе можат да се вклучат и учениците со попреченост. Околу 40 наставници по физичко и здравствено образование работат на спроведување на ова мерка.