×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Уште 65.000 евра ќе одвои Општина Куманово за реконструкција на малиот плоштад, сега ќе чини 840.000 евра

    10.07.2024 09:08 | Оливера Пешевска

    Дополнителни 4 милиони денари од буџет на Општина Куманово се одвоени за реконструкција на малиот плоштад во Куманово.

    Уште 65.000 евра ќе одвои Општина Куманово за реконструкција на малиот плоштад, сега ќе чини 840.000 евра

    Првиот договор за реконструкцијата чинеше 47.6 милиони денари или 774 илјади евра, а со новата дополна излегува 51.6 милиони денари или близу  840 илјади евра.

    Иако работите на терен веќе извесно време се стопирани, Секторот за комунални работи побара измена и дополнување на веќе постоечкиот договор, потпишан со „Ленди Груп“ ДООЕЛ Скопје.

    Образложението од надлежните е дека дополнителните 65 илјади евра се потребни за набавка на нови канделабри,  нова водоводна и електрична инсталација, ставки кои не биле предвидени во првичниот договор.

    „Потребна е ова измена и дополна за поставување на канделабри затоа што првично не беа предвидени нови. Има застој во работата моментално, бидејќи изведувачот не располага со одредена количина на гранитни плочи за да се продолжи со работа. Фирмата имаше проблем и со механизацијата, дел од машините беа во дефект“, образложи на дискусијата заменик- раководителот на секторот Момчило Јовановски.

    Ова предизвика бурна реакција кај опозициските советници, барајќи детален извештај за тоа каде се потрошени претходните 47,6 милиони денари и одговор на прашањето кој ќе сноси одговорност поради испуштање на вакви големи ставки.

    „Една од непредвидените работи било дека ќе се менуваат канделабрите. Кога ја носевме одлуката за јавно-приватно партнерство за јавно осветлување со зурли и тапани беше најавувано дека идниот инвеститор ги донирал тие канделабри за таа иста локација“, констатираше Миле Андоновски, од Партијата на пензионерите кој побара да биде изземен од гласањето за „вакви небулози“.

    Финасиските средства кон изведувачот се исплаќаат само по доставување на извештај за тоа што е завршено, не е исплатена целокупната сума на договорот, објасни Јовановски.

    Иако работите веќе извесно време се стопирани, Секторот за комунални работи побара измена и дополнување на веќе постоечкиот договор, потпишан со „Ленди Груп“ ДООЕЛ Скопје.

    Непредвидени околности биле и поставување на нова водоводна и електрична инсталација. Техничката документација не предвидела комплетно нова подземна инфраструктура, веројатно водејќи се по насоки на оперативни тимови на ЕВН и Воводовод Куманово.

    „Не постоеше атмосферска канализација, иако имаше поставено сливници, поставени во одреден вид на цевки. Затоа и се појави потреба да се направи, да се направат нови сливници и 160 должни метри цевки. Поставен е и нов електричен кабел за канделабри и трака за уземнување. Инсталиран е системот за наводнување „капка по капка“, значи 600 должни метри полиетиленска цевка, кој е зацртан во првичниот договор“, истакна Јовановски.

    Според договорот тој систем за наводнување требало да чини 176,5 илјади денари (3 илјади евра), а уште се реализирани и поставување на гранитни плочи, рабници, и дополнителна опрема во вредност од околу 9,5 милиони денари. Завршена е и подземна инфраструктура- освен споменатиот систем „капка по капка“, нова подземна елктрична инсталација, нова громобранска инсталација, атмосферска канализација во должина од 160 метри, приклучок на водоводна и на електродистибутивна мрежа. Не е даден одговор кога изведувачот ќе продолжи со работа.

    „Воопшто не ме засега кој е ангажиран изведувач, но имате ли ангажирано некаков надзор, имате ли направено претходна проверка на терен, стручни лица кои се повикани да ги направат тие проверки? Не правите недоветни и нас и граѓаните. Не одговоривте за начин на трошење на буџетски пари, кој со име и презиме или која оргазициона единица на општина Куманово даде предлог вака да ги срочите овие ставки. Па и лаик знае дека треба да има заземјување, кабел за да свети сијалица, освен оние панелни, фотоволтаични. Не знам кој е креатор на ваков предлог, и прашање е кој ги троши буџетските пари, тие милион евра без да биде прашан тој што треба да биде прашан и да не донесе одлука тој кој треба да донесе одлука, а тоа е Советот на Општина Куманово“, ја заврши дискусијата Миле Андоновски.

    Предлогот беше усвоен со 17 гласа за, гласови од ЗНАМ, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.