Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Г.С.(51) одговорно лице во ЈП „Водовод“, ќе одговара за злоупотреба на службената положба и овластувања што ги имал на работното место. Ова е втор случај, откако минатиот месец беше откриен благајникот Б.Т.(41), како вршел проневера на пари во претпријатието.
Г.С. во 2010 и 2011 година во повеќе наврати склучувал договори со физички лица за приклучок на водоводна мрежа без печат, со што оневозможил ЈП „Водовод“ против странките да поднесе тужби за наплата на должничките побарувања.
Во истиот период, Б.Т. во 24 наврати наплатените парични средства во износ од 403.748 денари од физички лица за приклучок на водоводна мрежа ги присвоил за себе, притоа уништувајќи ја книговодствената евиденција.
СВР Куманово против благајникот Б.Т. поднесе кривични пријави за сторени кривични дела „проневера во службата“, со продолжено кривично дело и „фалсификување или уништување деловни книги“.
Г.С. за кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.