Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
34-годишен маж од кумановско село вчера попладне пријавил во полицијата дека бил измамен од едно лице, при купување на огревно дрво.
Според пријавата, измамникот му понудил огревни дрва и откако се договориле му платил, по што го упатил на местото каде наводно биле складирани дрвата.
Образложението било дека тој ќе оди во канцеларија да ја спреми испратницата, но потоа не се појавил.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.