Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ноќеска, во Куманово се случила уште една кражба за која е осомничен 42-годишен кумановец.
Според сооштението на МВР, на 21.08.2023, во 02.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Д.(42) од Куманово, кој се сомничи дека со употреба на сила влегол во трговски објект на улица „Доне Божинов“ во Куманово и одзел повеќе предмети.
Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а М.Д. бил приведен во полициска станица.
По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.