Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Тројца од вкупно 16 пациенти, кои ја изгубија битката со коронавирус се од Куманово. Починатите лица се на возраст од 61, 62, 81-година. Новозаболени се шест лица.
Во последните 24 часа регистрирани се 50 нови случаи на ковид-19, а направени се 2.533 тестирања, соопштува Министерство за здравство. По градови во: Скопје – 26, Битола – 7, Куманово – 6, Прилеп, Охрид и Струга – по 2, Гостивар, Кочани, Дебар, Виница и Кратово – по 1.
Пријавени се вкупно 16 починати лица: 4 лица од Тетово (72г,77г,84г и 85г), 3 лица од Куманово (61, 62 и 81) и по 1 лице од Скопје (70), Прилеп (68), Виница (73), Струмица (67), Велес (70), Кочани (75), Струга (70), Неготино (47) и Македонска Каменица (70).
Регистрирани се 133 оздравени пациенти од: Скопје – 58, Куманово и Прилеп – по 10, Виница – 8, Струмица – 6, Охрид, Штип и Радовиш – по 5, Велес – 4, Гостивар, Кичево и Свети Николе – по 3, Битола, Кочани и Кавадарци – по 2, Струга, Тетово, Ресен, Пробиштип, Богданци, Демир Хисар и Демир Капија – по 1 .
Од пријавените, две лица се починати во домашни, а останатите 14 во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 765.984 тестирања на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.937, бројката на оздравени пациенти е 146.632, на починати е 5.265, а бројот на активни случаи изнесува 3.040.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 68344, Активни 1204
Куманово 8795, Активни 287
Прилеп 8280, Активни 130
Тетово 7196, Активни 109
Битола 6282, Активни 213.