Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во кружната сала на зградата на поранешните општествено - политички организации, со почеток во 10 часот, ќе се дваесет и втората седница на Советот на Општина Куманово.
На дневен ред се 14 точки, а меѓу другите ќе се расправа за информација за работата на Полициската станица, извештаи за работа на јавните претпријатија „Водовод“ и „Пазаришта“, давање согласност за ангажирање на 30 работници во „Водовод“ и др.
Дневен ред
1. Информација за превземени мерки и активности во текот на 2022 година на Полициска станица од општа надлежност Куманово;
2. Извештај за работа на ЈП „Водовод“ – Куманово за 2022 година;
3. Финансиски извештаи/Годишна сметка на ЈП „Водовод“ – Куманово за 2022 година;
4. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на вредност на бод во ЈП „Водовод“ – Куманово за 2023 година;
5. Предлог – Одлука за давање согласност за ангажирање на 30 (триесет) работници во ЈП „Водовод“ – Куманово во 2023 година преку агенција за привремени вработувања;
6. Финансиски извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за период Октомври – Декември 2022 година;
7. Финансиски извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за период Јануари – Декември 2022 година;
8. Извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за 2022 година;
9. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за утврдување на недвижни ствари кои треба да бидат предмет на јавно наддавање за издавање под закуп;
10. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈП „Куманово - гас“ – Куманово за 2023 година;
11. Извештај за реализација на Програмата за развој на спортот и рекреативни активности на граѓаните во Општина Куманово за 2022 година со финансов извештај;
12. Извештај за реализација на Програмата на културни манифестации на Општина Куманово за 2022 година;
13. Извештај за реализирани активности од Програмата за социјална заштита на Општина Куманово за 2022 година;
14. Информација за работа на Сектор за инспекциски надзор – Инспекторат во Општина Куманово за период јули – декември 2022 година.