×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Утре почнува Фестивалот на краток филм „ФИЛМАЈ“

    29.05.2023 11:04 | Сузана Николиќ

    Фестивалот на краток филм „ФИЛМАЈ 2023“ ќе се одржи утре и задутре во Занаетчиски дом во Куманово. 

    Утре почнува Фестивалот на краток филм „ФИЛМАЈ“

     На петиот по ред фестивал ќе бидат прикажани 16 филма. 

    „Наградени се филмовите: новозеландскиот „Дацун“ режиран од Марк Албистон, српскиот „Ѕвер“ со Јуриј Искаков како директор на фотографија, „Сеќавање на брза бура“, (Грција) по сценарио на Софија Георговасили, заедно со најдобриот домашен филм „Проблемот на Тина“, и „Помеѓу зборовите“ од Луксембург како најдобар краток филм“, соопштуваат организаторите.

    Официјално селектирани филмови кои ќе бидат прикажани се и: хрватскиот „Железна уста“, „Досие“,
    (Иран), „Цреши“ и „Техно, мама“ од Литванија, мексиканскиот „Онан“, „Никој“, (Португалија), „40 минути“ и „Ден за капење“ од Русија, швајцарско-францускиот „Ферплеј“ и шпанските „Клаудија“ и „Хелено“.

    Стручно жири на овогодишниот „ФИЛМАЈ“ беше составено од три члена: Симона Димковска
    (актерка), Борна Зидариќ (сценарист и режисер) и Мартин Давитковски (член на фото-кино клуб
    „Козјак“).

    Фестивалските вечери се со почеток во 20 часот, а влезот е бесплатен за сите посетители.