Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Утре/ среда/ од 5 до 8 часот ќе се изврши авионско прскање против возрасна форма на комарци на територијата на Општина Куманово, на површина од 1000 хектари.
„Запрашувањето ќе се одвива од кланица во Добрашане по течението на реката Кумановка па се до свињарска фарма во с. Речица, течение на реките Којнарка и Липковка до пругата во с.Бедиње, населба Долно Којнаре, во самиот град Куманово до заобиколниот пат кон населба Карпош до крајот на местото, Менкова колиба, Бабин дол и на потегот до кланица во Добрашане“, соопштува прес службата на Општина Куманово.
Доколку временските услови не го дозволат вршењето на третманот, дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни.
Од општината ги предупредуваат пчеларите да преземат соодветни мерки за заштита на пчелите.