Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во големата сала на зградата на поранешните општествено-политички организации, утре во 10 часот ќе продолжи педесет и третата седница на Советот на Општина Куманово. Седницата беше прекината во четвртокот, откако беа усвоени точките за: годишен и финансиски извештај за работа, како и план за нови вработувања во Библиотека „Тане Георгиевски“ – Куманово и завршна сметка на Буџетот на Општина Куманово за 2020 година.
Дневен ред:
5. Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово од 01.10.2020 – 31.12.2020 година;
6. Годишна сметка и финансиски извештај на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово за 2020 година;
7. Предлог – Решение за давање согласност на Ценовникот за измена и дополнување на Ценовникот за висина, условите и начин на плаќање на такса за приклучок на дистрибутивен гасоводен систем на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово на територија на Општина Куманово;
8. Предлог – Решение за давање согласност на пречистениот текст на Ценовникот за висина, условите и начин на плаќање на такса за приклучок на дистрибутивен гасоводен систем на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово на територија на Општина Куманово;
9. Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за период од 01.10.2020 – 31.12.2020 година;
10. Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за период од 01.01.2020 – 31.12.2020 година;
11. Извештај за работа на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за период од 01.01.2020 – 31.12.2020 година;
12. Извештај за работа на ЈП „Водовод“ – Куманово за 2020 година;
13. Финансиски извештаи/Годишна сметка на ЈП „Водовод“ – Куманово за 2020 година;
14. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП „Водовод“ – Куманово за утврдување на цена на услуга за замена на делови за куќни водомери со далечинско отчитување и ултразвучни водомери комплет со внатрешно интегриран радио модул;
15. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за цени на услуги што ги дава Одделение за ГИС, урбанизам и проектирање при ЈП „Водовод“ – Куманово;
16. Предлог – Одлука за давање согласност на Измена на Годишен план за вработување во 2021 година на ЈП „Водовод“ – Куманово;
17. Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово - план“ - Куманово за период од 01.10.2020 – 31.12.2020 година;
18. Извештај за реализација на Годишна програма за работа и финансиски извештај на ЈП „Куманово - план“ – Куманово за 2020 година;
19. Финансиски извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за период октомври – декември 2020 година;
20. Финансиски извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за период јануари – декември 2020 година;
21. Извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за 2020 година;
22. Годишен извештај на Општина Куманово за 2020 година;
23. Предлог – Одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Куманово за 2021 година;
24. Информација за остварени приходи по основ на даноци и такси за 2019 и 2020 година;
25. Извештај за реализација на Програма на културни манифестации на Општина Куманово за 2020 година;
26. Информација за реализирани активности од областа на социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита за 2020 година;
27. Информација за реализирани активности на Одделението за меѓународна соработка и евроинтеграции во 2020 година;
28. Предлог – Програма за управување со отпад во Општина Куманово за 2021 година;
29. Предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Куманово за 2021 година.