Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Советот на Општина Куманово утре ќе одржи редовна седница со 36 точки на дневен ред.
Пред советниците ќе се најдат извештаи за работа и финансиски извештаи за јавни претпријатија, согласности за годишни вработувања, одлука за давање во закуп на деловен простор на Градскиот базен, измена и дополна на ДУП за дел УЕ „Тоде Мендол“ и др.
Дневен ред:
1. Извештај за работа на ЈП „Водовод“ – Куманово за 2024 година;
2. Финансиски извештаи/Годишна сметка на ЈП „Водовод“ – Куманово за 2024 година;
3. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за измена и дополна на Статутот на ЈП
„Водовод“ – Куманово;
4. Предлог – Решение за давање согласност на пречистениот текст на Статутот на ЈП „Водовод“ –
Куманово;
5. Извештај за деловно-финансиско работење на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за период Октомври
– Декември 2024 година;
6. Годишна сметка и Извештај за работа на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за период Јануари –
Декември 2024 година;
7. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за изменување и дополнување на Статутот на
ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово;
8. Предлог – Решение за давање согласност на пречистениот текст на Статутот на ЈП „Чистота и
зеленило“ – Куманово;
9. Предлог – Одлука за давање согласност на Измена и дополнување на Годишен план за вработување во
2025 година на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово;
10. Финансиски извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за период Октомври – Декември 2024
година;
11. Финансиски извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за период Јануари – Декември 2024
година;
12. Извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за 2024 година;
13. Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за период од 01.10.2024 –
31.12.2024 година;
14. Извештај за работа со Годишна сметка на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за 2024 година;
15. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за измена и дополнување на Статутот на ЈП
„Куманово – паркинг“ – Куманово;
16. Предлог – Решение за давање согласност на пречистениот текст на Статутот на ЈП „Куманово –
паркинг“ – Куманово;
17. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за
давање во закуп на деловен простор во рамки на СРЦ Градски базен Куманово;
18. Годишен извештај за реализација на Програмата за развој на Североисточен плански регион 2021 –
2026, за 2024 година, со Извештај за финансиското работење на Центарот за развој на Североисточен
плански регион за 2024 година;
19. Извештај за работа на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво на Општина
Куманово за 2024 година;
20. Извештај за реализација на Програмата за развој на спортот и рекреативни активности на граѓаните во
Општина Куманово за 2024 година со финансов извештај;
21. Предлог – Програма за измена на Програмата за развој на спортот и рекреативни активности на
граѓаните во Општина Куманово за 2025 година;
22. Годишен извештај за настани и манифестации на Фондација за култура и спорт „Куманово“ – Куманово
за 2024 година;
23. Предлог – Одлука за давање согласност на Измена на Годишен план за вработување во 2025 година на
ООУ „11 Октомври” – Куманово;
24. Предлог – Одлука за давање согласност на Измена и дополна на Годишен план за вработување во
2025 година на ООУ „Браќа Рибар” с. Табановце – Куманово;
25. Информација за реализирани активности од Програмата за социјалната заштита во Општина Куманово
за 2024 година;
26. Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за развој на социјалната заштита во
Општина Куманово за 2025 година;
27. Предлог – Одлука за измена и дополнување на Одлуката за обезбедување на помош за домување на
материјално и станбено необезбедени лица корисници на гарантирана минимална помош (ГМП) за
2025 година;
28. Предлог – Одлука за распределба на финансиски средства наменети за вршење работи од социјална
заштита на здруженија на територија на општина Куманово за 2025 година;
29. Предлог – Одлука за распределба на финансиски средства во вид на финансиска поддршка во
спроведување на превентивно-промотивни активности за унапредување на здравјето преку кампањи од
областа на здравствена заштита на здруженија и други правни лица на територија на општина
Куманово за 2025 година;
30. Предлог – Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Куманово за 2025
година;
31. Предлог – Одлука за изменување на Одлуката за доделување на парична помош од Буџетот на
Општина Куманово по трагичниот настан предизвикан од пожар во дискотека во Кочани кој се случи на
16.03.2025 година;
32. Предлог – Одлука за давање на согласност за кофинансирање на проект за реконструкција на ул.
„Моша Пијаде“ во Општина Куманово;
33. Предлог – Одлука за утврдување на Нацрт – Измена и дополна на Детален урбанистички план за дел
од УЕ „Тоде Мендол“, дел од УБ 63, плански опфат помеѓу ул. „1“, ул. „ЈНА“, ул. „2“, КП 16793, ул. „3“, КП
16369/2 - Општина Куманово;
34. Предлог – Одлука за давање согласност на Измена и дополнување на Годишен план за вработување во
Општина Kуманово за 2025 година;
35. Предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Куманово за 2025
година;
36. Предлог – Решение за разрешување и именување на претставник од Општина Куманово за член на
Управниот одбор на Јавната установа - Општински ученички дом „Професор Мијалковиќ” – Куманово.