×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Утре „Тумба фест 2023“ на Градскиот плоштад во Куманово

    23.08.2023 10:26 | Оливера Пешевска

    Утре, четвртко, со почеток во 20 часот  ќе се одржи 11-то издание на „Тумба-фест“ на Градскиот плоштад во Куманово.

    Утре „Тумба фест 2023“ на Градскиот плоштад во Куманово

    Традиционалниот фестивал на македонската народна и шегобијна песна ова година на програмата има 21 композиција.

    „Можеме да се пофалиме дека ќе настапуваат врвни македонски пејачи,меѓу кои Благица Павловска, нашиот неизбежен Нино Величковски, Ристо Краповски, Круме Спасовски, а ќе се случи враќање на сцената на една наша доајенка - Атина Апостолова итн. Ја задржавме традицијата секој од фестивалите, освен шегобијноста,  да е на кумановски дијалект, меѓутоа неколку години наназад имаме дијалекти и од другите градови. Ова година ќе се пее на струшки, струмички дијалект и на еден скопски сленг“, изјави Драган Митевски,од Здружението Етно Ризница.

    Покрај веќе спомнатите, настапуваат и Петар Нечовски, Ирена Спасовска и Цане Петров, Катерина Брезева и Соната, Игор Ангелов и Ирена Петрова, Влатко Алексовски, Бранимир Стошиќ-Каце, Тања Јовановска, Кумановско трио браќа Крстевски, групата Династија, Методија Столески, Тумба кафе бенд, Џони, Ани и Бато, Лилјана Прнаркова, Марио Петрушевски, Елеонора Ели Божанова, С’ни. Фестивалот има и меѓународен карактер и ова година има гости од Бугарија, Србија, Шведска и Швајцарија.

    Здружението Ризница има голем број на кумановци-пејачи, автори, а некои со свои авторски дела за прв пат се вбројани на еден фестивал.

    „Ние како здружение сме на некој начин локал-патриоти си го сакаме градот и во перспектива секогаш ќе настојуваме да има што поголем број на кумановци во нашите програми. Но, исто така, знам дека Куманово е расадник на голем број на музичари кои се уште не се активни во однос на она што го работи Тумба фест, така да еве еден отворен повик до сите музичари, текстописци, аранжери кои ја сакаат музиката и Куманово. Вратата на „Ризница“ за кумановските автори е секогаш отворена“, потенцираше Митевски.

    Генерален медиумски покровител на настанот е Македонската телевизија која ќе го пренесува фестивалот.

    Од општинскиот буџет за ова манифестација од програмата на Кумановско културно лето се издвоени 250 илјади денари.