×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Утре започнуваат Рамазанските пости

    10.08.2010 13:45 | KumanovoNews

    Верниците од муслиманска вероисповед утре го започнуваат традиционалниот рамазански пост во пресрет на големиот муслимански празник Рамазан Бајрам. 

    Утре започнуваат Рамазанските пости

    Триесет дена верниците од утро (суфур) до вечер (ифтар) ќе се одадат на постот, молитвата, солидарноста и милоста, и целодневно ќе се воздржуваат од консумирање храна, цигари, алкохол, но и од лоши мисли, идеи и дела. Јадењето и пиењето дозволено им е цела ноќ. Од постот ослободени се децата, бремените жени, доилките и болните луѓе. 

    Постои верување дека со почетокот на месецот Рамазан се отвораат вратите на џенетот (рајот), а вратите на џенетот (пеколот) се затвораат, додека шејтаните (ѓаволите) се оковани.

    Се верува дека 27 ноќ од Рамазан (лејлетул-кадр) е најзначајна во годината бидејќи во текот на ноќта почнала објавата на Куранот. Затоа лејлетул-кадр е ноќ на определување, ноќ на судбината и „поголема од илјада месеци во кои нема такви ноќи“. Во таа ноќ мелеките (анѓелите), со дозвола од Господ се спуштаат на Земјата и им ги исполнуваат желбите на смртниците, им ги простуваат гревовите под услов да поминале во ибадет (верување и надевање).

    За време на постот се верува дека човекот презема некои божји карактеристики, бидејќи Бог ниту јаде ниту пие и нема потреба за тоа. Кога верниците се се предаваат на постот знаат дека тоа го прават поради Бог и затоа тој посебно ги наградува.Според Куранот, Рамазан има четири димензии - духовна, морална, солидарна и здравствена.