×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Вања била грабната од влезот на зградата и во гепек однесена на периферијата на Скопје

    04.12.2023 11:19 | KumanovoNews

    Вања Ѓорчевска (14) била киднапирана во влезот на зградата во која живеела, со врзани раце и нозе ја ставиле во вреќа за спиење, а потоа во гепек на возилото била однесена на приферијата на Скопје, кажа на денешната прес конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. 
       

    Вања била грабната од влезот на зградата и во гепек однесена на периферијата на Скопје

    Тројца од осомничените кои се во притвор, признале дека имале намера да изнудат пари од мајката, но откако за случајот била информирана јавност ги фатила паника и околу 10 часот  детето било убиено со пиштол. 

    „Осомничени се 5 лица, од кои за 3 веќе е определена мерка притвор. Едно лице е надвор од државата, а таткото на малолетничката е приведен. Извршен е распит и понатаму ќе се преземаат мерки по насока на јавен обвинител. Мотивот е користољубие, при што едно од лицата во договор и со знаење, според првичните сознанија, на член на семејството го организира и извршува и кривичното дело со цел да се изнудат пари од мајката на од кои сите осомничени би имале материјална корист“, изјави Спасовски.

     Вања Ѓорчевска и Петар Жежовски (74) се убиени и закопани. Таа во близина на Скопје, а Жежовски во близина на Велес.

    " Од тројца од петтемина инволвирани за кои постои сомневање, имаме признание за целокупниот нивен ангажман во настанот. Тие извршиле две кривични дела – грабнување, кои се поврзани со делото користољубие, грабнување заради корист. Имаат извршено и две кривични дела – убиства, со поврзаност на двете дела, со што тоа добива најтешка кривична казна“, рече Гаврил Бубевски, јавен обвинител на скопското Јавно обвинителство.

    Убиецот побегнал од државата со возило со адвокат во Белград, а оттаму во Бугарија.