13. 02. 2020 13:58

Вечер посветена на виното и љубовта во Кумановскиот театар

Вечер посветена на виното и љубовта во Кумановскиот театар

Во Кумановскиот театар, утре со почеток во 19:30 часот, пред започнување на претставата „Макбет“, со вино и слатки ќе се прослави Денот на вљубените и Денот на виното „Свети Трифун“.

Половина час пред започнување на претставата, во театарот присутните ќе можат да се послужат со вино и слатки, во знак на одбележување и на нашиот традиционален празник Свети Трифун, но и на еден од најраспространетите празници Свети Валентин.

- По повод овој ден ние на репертоар ја имaме претставата „Макбет“ на режисерот Андреј Цветановски, која сепак зборува за тоа колку човекот доколку се насочи кон матерјалната моќ, а не љубовта може целосно да се изгуби и себеси и сѐ околу него. Половина час пред почетокот на претставата присутните ќе можат да се послужат со вино и колачиња, а во 20 часот ќе започне претставата. Сакам да направиме нешто ново кое најпрво ќе даде чувство на убавина и воедно заедно со публиката убавината на љубовта и виното да ја споделиме во театарот, како што и доликува,- вели Сашо Тодоровски, директорот на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

Празникот Свети Трифун во периодот помеѓу двете светски војни, за време на Кралството Југославија, угостителите од Куманово масовно и мошне свечено и весело го прославувале преку својата слава Свети Трифун, на 14 февруари секоја година, кога секој од нив со влог давал продонес за што подостојно нејзино одбележување.

Додека пак од друга страна Денот на вљуените, кој на „голема врата“ беше прифатен, најпрво од најмладите, се слави љубовта и прврзаноста кон интимните партнери, притоа одбележувајќи ја љубовта со симболични подароци, како шт се: цвеќиња, писма, подарување на предмети во вид на срце и сѐ она коешто ја симболизира нивната љубов.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk