Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Кумановскиот театар вечерва во 20 часот, премиерно ќе биде изведена едночинката „Просидба" од Антон Павлович Чехов.
Во претставата се прикажува очајната потреба на ликовите да стапат во брак. Во Русија во времето на Чехов, за повеќето луѓе, бракот претставувал симбол на економска стабилност. Се стапувало во брак за да се добие богатсво и да се задоволи притисокот на општеството.
Претставата е во режија на Кети Дончевка Илиќ, а играат Стефанија Зисовска, Давид Илиќ и Горан Илиќ.
Оваа претстава е прва од циклусот „Да се игра Чехов", кој ќе се работи на иницијатива на неколку актери од театарот, поради големиот интерес на кумановските средношколци за театарот. Во претставите ќе бидат вклучени повеќе ученици.Претставата се игра по повод Светскиот ден на театарот 27 март.