×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Величковска најави стипендии за најдобрите средношколци и спортисти

    05.10.2021 12:53 | Жаклина Цветковска

    Младите во Куманово веќе со години не гледааат иднина во својата општина. Како резултат на штетните политики на локалната власт, младите се целосно исклучени од јавниот живот, истакна Невена Величковска, кандидатка за советничка од ВМРО-ДПМНЕ.

    Величковска најави стипендии за најдобрите средношколци и спортисти

    Таа ја обвини локалната власт, предводена од СДСМ, дека пред четири години ветувала оти младите ќе бидат еден од нивните главни приоритети, но за жал не било ништо направено за да новите генерации гледаат перспектива во Куманово.

    „Нашата програма посветува големо внимание на развојот на општината, што ќе придонесе младите да ја планираат својата иднина во нашиот заеднички дом, нашето Куманово. Проект за оформување на посебна Канцеларија за млади претприемачи. Проектот ќе биде реализиран во временски рок од 2021 до 2023 година и ќе биде финансиран од Буџетот на општина Куманово. За да ги поттикнеме најдобрите ученици средношколци и спортисти, новата администрација на Општина Куманово, во соработка со приватниот сектор и со странски донатори ќе обезбедува средства за стипендирање на десетте најдобри ученици средношколци и спортисти. Новата локална власт, ќе доделува стипендии на 20 студенти од социјално загрозени семејства и стипендии за дефицитарни струки во Општина Куманово“, посочи Величковска.


     Таа ги повика граѓаните на 17-ти октомври да дадат поддршка на бројот 7, кандидатот за градоначалник Тони Михајловски и советничката листа на Коалицијата за обнова на Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ.