Велигденски празници, петок и понеделник неработни
12.04.2023 14:11
| KumanovoNews
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците 14 април - петок, Велики Петок, петок пред Велигден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Македонија.

На 17 април - понеделник, Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на Македонија.
Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните од православна вероисповед во Македонија им го честита големиот христијански празник Велигден.