×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Верификуван мандатот на новиот советник Дејан Јовановски од ВМРО - ДПМНЕ

    26.11.2024 12:47 | KumanovoNews

    На Дејан Јовановски од ВМРО- ДПМНЕ денеска му беше верификуван мандатот на советник, по што даде и  свечената заклетва во Советот.

    Верификуван мандатот на новиот советник Дејан Јовановски од ВМРО - ДПМНЕ

    „Свечено изјавувам дека правата и должностите на член на советот ќе ги вршам совесно и дека при нивното вршење ќе го почитувам Уставот, законот, прописите на Советот и дека ќе го штитам уставниот поредок на Република Северна Македонија“, истакна Јовановски во свечената заклетва.

    Претходно верификационата комисија на Советот на Општина Куманово го разгледа уверението на избраниот советник Дејан Јовановски издадено од општинската изборна комисија и утврди дека наведениот советник има уредно поднесено уверение за неговиот избор.

    Јовановски е поранешен раководител во подрачното одделение на  Катастар Куманово, работеше во ЈП „Водовод“ во Скопје, а  сега работи во Хрватска.

    Доаѓа на местото на советникот  Мирослав Тричковиќ од ДПСМ кој замина на повисока функција.