×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Весна Трајковска е нов секретар на СДСМ Куманово

    19.05.2023 16:25 | Сузана Николиќ

    По изборот на новото партиско раководство, Извршниот одбор на општинската организација на СДСМ Куманово на својата прва работна седница ги избра Весна Трајковска за секретар, Виктор Божурски за организациски секретар, Александар Митрички останува портпарол на партијата и Драган Петровски е назначен за претседател на надзорниот одбор. 

    Весна Трајковска е нов секретар на СДСМ Куманово

    „Масовното присуство на нашите членови на конференцијата е уште еден доказ дека во нашата општинска организација постои здруженост, единство и сплотеност и сите заедно застануваме зад исти, заеднички цели и заложби. Идеолошките ставови за кои се залагаме ја образуваат силната врска на заедништво помеѓу нашите членови“, кажа претседателот Александар Арсиќ.

    Тој најави дека и тие се приклучуваат на теренските активности “Рамо до рамо со граѓаните до победа”, при што партиското раководство, засилено со пратеници и советници, ќе биде меѓу граѓаните да го слушнат нивниот глас.

    „Сите заедно, рамо до рамо, ќе посетиме вкупно 28 месни заедници, населени места и урбани заедници. Со првата теренска активност започнуваме на 25 мај, во 18 часот, кога ќе бидеме помеѓу жителите на „Трета МУБ“ и во 19.15 часот кога ќе поразговараме со жителите на месната заедница „Перо Чичо“, на кои ќе присуствуваат минстерот Оливер Спасовски и директорката на УЈП Сања Лукаревска.Доаѓаме со добра мисла и мотив за напредок и подобро утре, доаѓаме за да ве слушнеме, да ви дадеме отчет за сработеното, но и да ви кажеме што следува во иднина внимателно ќе слушаме и внимателно ќе
    зборуваме“, кажа Арсиќ.