×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Вешто се манипулира со датумите поврзани со одземање на надлежностите за градинката, реагираат од Општината на изјавата на Алексовска

    07.04.2023 13:32 | Сузана Николиќ

    Директорката на Детската градинка “Ангел Шајче” Куманово, вешто манипулира со датумите поврзани со одземање на надлежности во делот на објавување на јавен оглас за избор на директор и текот на самата постапка, реагираат од Општина Куманово на вчерашната прес-конференцијата на директорката Марина Алексовска.

    Вешто се манипулира со датумите поврзани со одземање на надлежностите за градинката, реагираат од Општината на изјавата на Алексовска

    „Укажувањето до градоначалникот не е доставено на 27. март како што тврди директорката, туку тогаш е изготвено, а предадено е во архивата на Општината на 29. март и распоредено до надлежниот сектор на 30. март. Откако е добиено Укажување ИП1-162735/2 од страна на Министерство за труд и социјална политика, веднаш е постапено по истото и 31. март е донесено Решение Бр.08-УП1-2597 од страна на градоначалникот за објавување на јавен оглас за избор на директор на Детска градинка „Ангел Шајче”. Истиот ден е испратено и до Министерство за труд и социјална политика, а дополнително е доставено и до градинката“, стои во реакцијата на Општината.

    Независно од нивното експедитивно постапување, тврдат понатаму, Министерството за труд и социјална политика на 3 април донело Решение ИП1 16-2735/3 со кое се одземаат надлежностите на градоначалникот за постапување во делот на донесување одлука за објава на јавен оглас за избор на директор. 

    „Ако се земе во предвид дека Министерството за труд и социјална политика му оставило на градоначалникот рок за постапување од само еден ден, а и покрај тоа што истиот е уредно запазен му се одземаат надлежностите, очигледно е дека не станува збор за законито постапување, туку за притисок врз работата на градоначалникот и упад во неговите надлежности, со цел постапката за избор на директор во „Англе Шајче”, да не се изврши на транспарентен начин, како што беше случајот и претходно, кога на сличен начин му беа одземени надлежностите на Градоначалникот за оваа јавна општинска установа“, стои во соопштението.

    По добивање на решението за одземање на надлежностите Општина Куманово, како основач на јавната установа на 5. април доставила Известување до градинката “Ангел Шајче” - Куманово да не се преземаат било какви понатамошни дејствија поврзани со постапката за избор на директор на институцијата до разрешување на судирот на надлежности, бидејќи сите претходни прашања согласно ЗОУП предизвикуваат прекин на постапка.

    „Дека Општина Куманово постапила согласно законот и покрај нереалниот и незаконски рок од 1 ден, потврдува фактот што на 06. април во архивата на Општина Куманово пристигнало Решение ИП1 16-2735/9 со кое се поништува Решението ИП1 16-2735/3 за одземање на надлежностите на градоначалникот, кое е испратено од страна на ресорното министерство и истото е проследено до
    соодветниот сектор на 07. април“, се наведува во реакцијата.