×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ветераните ќе оддадат почит на загинатите на Карпалак

    07.08.2015 09:08 | KumanovoNews

    Здружението на армиски и полициски ветерани утре напладне во клубот “Христијан Т.Карпош“, ќе ја одбележи годишницата од загинувањето на десет припадници на резервниот состав на АРМ во месноста Карпалак, на патот Скопје- Тетово.

    Ветераните ќе оддадат почит на загинатите на Карпалак

    “Ќе им оддадеме почит со едноминутно молчење, ќе се потсетиме на нив, бидејќи го дадоа животот за татковината. Претходните години редовно одевме на Карпалак, и положувавме цвеќе како делегација, но оваа година ќе биде малку поинаку“, - вели Киро Соларски, секретар во Здружение на армиски и полициски ветерани.

    Масакрот кај Карпалак се случи на 8 август 2001 година во 9:30 часот, откако армискиот конвој составен од пет возила и 120 резервисти влезе во заседа кај месноста Карпалак, при што биле убиени 10 припадници на резервниот состав на АРМ, а тројца се повредени во нападот што терористите на ОНА го извршија.