Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Членови на Здружението на армиски и полициски ветерани, во мај ќе организираат работна акција за пошумување во месноста Менкова колиба.
Ветераните планираат да засадат околу 2000 садници, и да го разубават овој простор.
Ќе ангажираме 30 до 50 наши членови за пошумување. Секако тоа ќе го направиме во договор со “Македонски шуми“ и од нив очекуваме да добиеме садници. Целта ни е просторот да го разубавиме, да му дадеме живот, да биде убаво излетничко место и да нема смет - вели Киро Соларски, организационен секретар во Здружението на армиски и полициски ветерани.
Ветераните два пати годишно прават акции за пошумување во кумановско.