×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ветераните пред споменикот на Вера Которка

    11.05.2015 13:07 | KumanovoNews

    Со пиетет кон нејзиното дело и доследни почитувачи на придобивките од Народноослободителната војна, група ветерани од Здружението на воени и полициски старешини деновиве се поконија пред споменикот на хероината ВЕРА ТРАЈКОВСКА  ТЕОДОСИЕВСКА – КОТОРКА  на Пониква кај Кочани.

    Ветераните пред споменикот на Вера Которка

    Ветераните положија цвеќа и засадија дваесет зимзелени дрвца пред споменикот на Вера Которка, и оддадоа едноминутно молчење, а потоа професорот Борко Стојановски прочита  пригоден реферат за борбениот пат и погибијата на Вера Которка.

    „Вера Трајковска Теодосиевска – Которка, сакана и почитувана меѓу своите соборци, како истакната и храбра припадничка на припадничка на прославената Трета МУБ, загина  на 11 јуни 1944 година, во цветот на својата младост во една од последните, завршни пресметки со единиците на бугарскиот фашистички окупатот. Беше погодена со смртоносен куршум од непријателот недалеку од ова спомен-обележје каде беше и погребана од своите другари, а подоцна, по солободувањето  нејзините посмртни останки се пренесени во Куманово.

    Пред тоа Вера Которка го изоде долгиот и натчовечки напорен борбен пат на партизанските единици, од Црна трава во Србија до Круша Планина  во Грција и оттаму до Козјак, по што продолжува и во сите борби од познатата Пролетна офанзива на Третата МУБ во својство на храбар борец и член на Бригадниот комите на Штабота на Бригадата. На јуриш другари! – беа последните зборови на младата хероина во пробојот на заседата на непријатлот која, со бомба в раце како во сите дотогашни борби, храбрејќи ги своите соборци го положи својот живот  за слободата на Македонија“.