Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Членови на Здружението на армиски и полициски ветерани собраа помош во облека и обувки, кои во наредниот период ќе бидат донирани на неколку сиромашни семејства.
“Собраната облека и обувки се однесени во Црвен Крст Куманово и заедно помошта ќе ја поделиме на социјално загрозени семејства. Црвениот Крст има увид и знае кому таа помош му е потребна. Сакаме да бидеме солидарни и во иднина ќе продолжиме со овие активности“ - вели Киро Соларски, секретар во Здружение на армиски и полициски ветерани.
Здружението по втор пат организира хуманитарна акција за собирање на обувки и облека за сиромашните.