×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Вицепремиерот Николовски во посета на Општина Куманово

    26.04.2021 14:17 | KumanovoNews

    Заменик на претседателот во Владата задолжен за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски денеска ја посети Општина Куманово. На средбата со градоначалникот Максим Димитриевски, разговарале за транспаретно работење на Општината.

    Вицепремиерот Николовски во посета на Општина Куманово

    „Со градоначалникот Максим Димитриевски ги делиме истите ставови во поглед на елиминирањето на ризиците од корупција во локалната самоуправа. Општината активно работи за имплементација на системските мерки и спроведува активности за сузбивање на корупцијата. Преку зголемување на транспарентноста и отчетноста на општините придонесуваме за ефективни и етични услови за граѓаните и одговорно и домаќинско работење на локалните избраници. Градиме модерна и правна држава која негува европски вредности“, напиша вицепремиерот Николовски по посетата.

    Општината на својот сајт објави дека Куманово е во групата на најтранспаретни општини во државата, која ќе продолжи да работи во борбата против корупција на сите нивоа, во соработка со институциите.

    „Единствена цел е граѓаните целосно и во најкус можен рок да ги добијат потребните услуги од општината, а воедно и да имаат целосен увид во делот на работењето на општинските јавни претпријатија, институции и служби“, - стои во текстот.

    Минатата недела Комисијата за спречување на корупција донесе заклучок за наводна злоупотреба на службената должност при распределба на средства за реализација на Програмата за развој на спортот и рекреативните активности на граѓаните во Општина Куманово за 2019 година. Градоначалникот ги отфрли обвинувањата и побара Комисијата да ја преиспита одлуката.

    (С.Н.)