×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Викендица и автомобил изгореа во пожар во близина на селото Пчиња

    29.08.2022 12:54 | Сузана Николиќ

    Во голем пожар вчера изгоре викендичка и патнички автомобил, кој ги зафатил околу пладне на патот помеѓу селата Пчиња и Студена Бара.

    Викендица и автомобил изгореа во пожар во близина на селото Пчиња

    Според информацијата на Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК), пожарникарите го гаснеле пожарот повеќе од 4 часа.

    „Опожарено е стрниште, патнички автомобил марка-„голф„ и викендица на патот помеѓу с. Пчиња и с. Студена Бара, во период од 12.30 до 16.40 часот. Интервенирано е со 3 ПП возила и 8 пожарникари. Направена е поголема материјална штета – причината, како и висината на материјалната штета допрва ќе се утврдува“, соопштуваат од РЦУК.

     Од Територијалната противпожарна едници во Куманово велат дека пожарот прво го зафатил автомобилот, кој сопствениците го истуркале покрај патот за да го изгаснат. Огинот ја зафатил сувата трева и се проширил кон викендицата.

    „Во СВР Куманово било пријавено дека во 12.30 часот, на пат помеѓу с.Пчиња и с.Студена бара, настанал пожар во патничко моторно возило „фолксваген голф“ со струмички регистарски ознаки, на сопственик  од Скопје. Од пожарот била зафатена и сува трева, дворно место и куќа сопственост на Л.Г.. Противпожарна бригада Куманово го изгаснала пожарот. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово“, соопштува МВР.