Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи.
„Притоа на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 137 возачи, од кои 91 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 23 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 12 за управување возило без возачка дозвола, 3 за нерегистрирано возило и 8 мотоциклисти за неносење заштитен шлем. Санкциониран е и едeн возaч поради пребрзо возење, односно во населено место во Куманово со радар му биле измерени 118 километри на час“, информира полицијата.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.