Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи.
„На подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 148 возачи. Од нив 66 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 39 санкции се изречени за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 23 за управување возило без возачка дозвола, 4 за нерегистрирани возила, а санкционирани се и 16 мотоциклисти за неносење на заштитен шлем“, соопшти МВР.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.