Викендов казнети 174 возачи, 140 за брзо возење
Во деновите од викендот полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола на улиците од градот за откривање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи.

„На подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 174 возачи, од кои 140 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 17 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 8 за управување возило без возачка дозвола, 6 за нерегистрирано возило и 3 возачи на мотоцикли“, соопштуваат од Кумановската полиција.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од полицијата апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.