Викендов во Куманово казнети 118 возачи, 99 за брзо возење
Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи.

Притоа на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 118 возачи, од кои 99 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 5 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 11 за управување возило без возачка дозвола и 3 за нерегистрирано возило.
„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, соопшти МВР.