×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Виктор Цветковски се кандидираше за градоначалник

    13.02.2013 13:27 | KumanovoNews

     Независниот советник Виктор Цветковски, денеска ја поднесе кандидатурата за градоначалник до Општинската изборна комисија. Истовремено беше поднесена и независната советничка листа предводена од Драги Караџински.

    Виктор Цветковски се кандидираше за градоначалник

    Ми претставува задоволство што на граѓаните на Општина Куманово ќе им дадеме можност да имаат избор многу поблизок до нив, многу понепосреден, ние сме пред се со една единствена идеја, граѓаните на Општина Куманово добијат политичка гарнитура која ќе ги штити интересите на граѓаните, а нема да штити интереси на политички партии. Тоа е нешто што не разликува од сите други. Се надевам дека државните изборни органи ќе спроведат слободни, фер и демократски избори. Ние како политичка независна структура која ќе учествуваме на локални избори, сигурно ќе им дадеме можност за тоа. Ќе водиме позитивна кампања, исклучиво преку проектите со кои ќе се претставиме пред граѓаните - изјави Цветковски.

    За одлуката СДСМ да не оди на локални избори Цветковски вели:

    Toa е нивна одлука, но јас сакам СДСМ да биде дел од овие локални избори. Добро е за демократијата на локалните избори да им дадеме можност на граѓаните да бираат.

    Од општинската изборна комисија објаснуваат дека кандидатурата на Цветковски е прва што е поднесена до нив. Рокот е до 16 февраури, односно сабота до 24 часот, кога сите независни кандидати и политички партии имаат право да си поднесат свои листи за градоначалник и Совет.