Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Музеј Куманово нуди виртуелни тури за постојаната музејска поставка и локалитетот Кокино.
Во време на пандемија, кога се оневозможени масовните посети на културно-историските локации, дигитализацијата на културното наследство беше една од првите и најважните работи кои беа препорачани од Меѓународниот совет на музеите и УНЕСКО.
- Музеј Куманово имаше среќа да биде вклучен во проект на Фондација за развој на мали и средни претпријатија, кој се однесува за туризмот во објекти на културно наследство и во чии што рамки беа изготвени и виртуелните тури. Турите нудат разглед на сите одделенија на поставката и на локалитетот Кокино, со пропратен текст за најважните точки во турата, - соопштуваат од Музеј Куманово.
Виртуелните тури се бесплатни и може да се видат на следните линкови:
http://tours.rcku.org.mk/eu/Muzej-Kumanovo/
http://tours.rcku.org.mk/eu/Kokino/