Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општинската организација на Црвен крст започна со обука на 18 лица, долгорочно невработени, кои ќе добијат сертификати за персонални асистенти на лица со попреченост. Курсот ќе трае во наредните два месеци,а се одвива по програма во четири модули. Обуката ја спроведуваат стручни лица - доктор, медицинска сестра, дефектолог и социјален работник.
Посетителите на обуката ќе добијат знаења за помош и асистенција на лица со телесен инвалидитет или комбинирано со поблага форма на ментална попреченост.
Секое успешно полагање обезбедува лиценца, по што оние што го следеа курсот би можеле да бидат ангажирани како персонални асисенти на лица со попреченост. Лиценците се меѓународно признаени, се работи за верификувана европска лиценца“, вели Ива Младеновска, секретар на Црвен Крст Куманово.
Лицата кои ќе се здобијат со лиценцата се обврзани една година да работат преку Црвен крст и Центарот за социјални работи Куманово. Асистентите за време на работниот ангажман ќе добиваат паричен надомест во вид на хонорар. Како асистенти ќе бидат ангажирани по 4 часа дневно,но доколку се појави потреба кај корисниците и подготвеност на асистентот , тој ќе може да се ангажира за 2 лица и ќе има полно работно време од 8 часа.
Во општина Куманово има голема потреба за лиценцирани асистенти на слепи и слабовидни лица,лица со потешкотии при движењето или лица со блага ментална попреченост.
Имаше заинтересираност за конкурсот и успеавме да избереме 18 кандидати за кои веруваме дека имаат желба да се ангажираат во ваков тип проекти. Групата ни е разновидна,наставата ја посетуваат лица од различна националност, пол и возраст со што ќе може да биде опфатен поширок круг на корисници на услугата“, потенцира Младеновска.
Црвен крст Куманово го финасира проектот од сопствени средства.